Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Компанијата Мајкрософт синоќа соопшти дека до крајот на 2022 година ги замрзнува спонзорствата за законодавците кои на крајот на изборниот процес гласаа против утврдување на Џо Бајден за претседател на САД. Компанијата исто така нема да ги поддржува политичарите и организациите на ниво на сојузни држави кои се обидуваа да ги оспорат изборите.
Бред Смит, претседател на компанијата, соопшти дека во изминатите четири години, 20 отсто од спонзорствата на Мајкрософт „се за членови на Конгресот кои гласаа против одлуката на Изборниот колеџ“. Слично одлучија и десетици големи американски компании како Гугл, Walmart, Marriott, AT&T, Amazon, Comcast , General Electric и American Express.
Компанијата Dow соопшти дека во следните шест години нема да ги спонзорира сенаторите кои гласаа против потврдување на резултатите од изборите.
Ново на Сител
-

Трипуновски за Сител: 50 договори се стопирани по скандалот со директорот на Платежната агенција
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
