Мајката на убиената пејачка: Да го видам убиецот на Јелена, па да умрам
-Сакам да го видам убиецот на Јелена, па да умрам. Не знам што да мислам, која е таа личност која така ѕверски можеше да ја убие мојата Јелена. Се зборува се и сешто, а јас верувам само во полицијата, само на неа, изјавила за српски Ало, мајката на убиената Јелена Марјановиќ.
Зорица демантирала дека се расправала со семејството Марјановиќ и наведува дека не знае кој пласира такви дезинфомации.
- Се збирува се и сешто дека се расправам со Марјановиќ, па дека ми забрануваат да зборам во медиумите за Јелена. Се се тоа обични лаги, некој сака нас да не скара, а ние сме постојано во контакт. Некој да ми забрани да зборувам за смртта на Јелена, не знам што би му направила. Мислам дека со ова се кажав, рекла Зорица.
Таа исто така додала дека со ноќи не спие и постојано се приспитувала и размислувала кој би можел да ја убие нејзината ќерка и за крај додала дека Јелена и Зоран премногу се сакале.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени