Мајката на Ноле му откри голема тајна - тенисерот загрижен за семејството
Новак Ѓоковиќ е сериозно загрижен за здравјето на својата мајка Дијана, која неодамна откри дека нејзиниот најстар син исклучително се грижи за неа.
– Секој ден ми зборува дека мора да водам здрав живот, грижлив е и ме советува да внимавам на исхраната и да спијам редовно. Ноле закрепнува во моментов од својата повреда и ужива со своето семејство, изјавила Дијана.
Дијана исто така открила дека таа, како и нејзиниот сопруг, имале здравствени проблеми, но тоа долго време го криеле од нивните деца за да не се грижат. Особено не сакале да го оптеретуваат Новак со тие работи за да не влијаат на неговите игри, па дури кога таа била на операција, тоа го скрила од нејзините синови.
– Кога бев болна и морав да се оперирам, чекав момент кога двајцата синови нема ми бидат во Белград. Новак беше во Австралија, но се јавуваше кај нас дома секој ден. Скоро секогаш му кревав јас, а на неколку пати додека бев во болница, слушалката ја кренал тетко му. Веднаш му дошло чудно и секој ден го прашувал – Каде е мама? Потоа од болница разговарав со него како да сум дома за ништо да не се посомнева и да не се грижи, раскажала Дијана Ѓоковиќ.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора