Мајката на Јелена скршена од болка: Секоја ноќ ја сонувам!
Зорица Крсмановиќ, мајката на брутално убиената пејачка Јелена за српски Курир вели дека секоја ноќ ја сонува својата покојна ќерка.
-Страшно е ова, страшно...Не можам да верувам што ми се случува. Секој ден одам на гробот на ќерка ми. Се мислам дека ова е кошмар од кој ќе се рабудам и повторно ќе си ја видам ќерката жива. И секоја ноќ ја сонува,. Моето дете, мојата Јелена. Не можам повеќе вака, живеам за денот кога ќе биде фатен убиецот - рекла жената, целата сршена од тага и болка. Толку била изнемошена што морала да се потпре врз оградата.
Според сознанијата на весникот, убитвото на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) од Борча внимателно е планирано нјмалку 2 месеци. Исто така целото семејство Марјановиќ оваа недела повторно ќе биде однесено на испрашување во полиција како и на полиграф.
-Убиецот имал најмалку еден помагач и тие детално се подготвувале за ова страотно злосторство.
Врз основа на досегашната истрага очигледно е дека трагите се внимателно отстранети, и дека ги познавале навиките и движењето на жртвата. И натаму точно не се знае каде е убиена, зошто очигледно е дека телото е подоцна донесено и фрлено во каналот, вели извор од истрагата.
Ново на Сител
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип