-->
-->
Мајка на 60 години: Атифа Нокиќ е втората најстара мајка во регионот
-->

Со бебе во рацете, со насмевка на лицето и сопругот покрај себе, од болницата во Вишеград излезе Атифа Нокиќ (60), втората најстара мајка.
Таа и нејзиниот сопруг Шериф Нокиќ (68) со нетрпение и голема радост го чекале денот со своето бебе да се вратат дома во Нови Пазар.
Атифа, изјавила дека останала бремена со ин витро оплодување.
- Се породив минатата недела во 9 часот утрото со царски рез. Алина има 3 килограми и 350 грама, а долга е 55 см. Се е добро, фала на Бога. Тоа беше најрадосниот ден во мојот живот. Кога ја зедов во раце, чувството беше прекрасно, вели Љајиќ. Атифа инаку му е братучетка од стрикото на Расим Љајиќ, министерот за трговија. Нејзиниот сопруг Шериф Нокиќ (68) кој во почетокот не бил за тоа да станат родители во касните години, но како што вели Атифа, сега е пресреќен.
- Подготвена сум за улогата на мајка, само таа нека ми е добра, ако даде Бог, јас и Шериф ќе бидеме добри родители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров
-

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане
-

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната
-

Порота пресуди дека Маск ги довел во заблуда акционерите на Твитер
-

Санкциониран штипјанец кој возел со брзина од 105 км на час во населено место
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка минус седум степени, најтопло во Гевгелија седум степени
-

Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите
-

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
