МАЈКА-МОНСТРУМ: Поради тоа што им го правела на ќерките многумина сакаат да ја убијат, а таа доби најблага казна
Морган Самерлин тешко може да се нарече мајка, иако родила две девојчиња, кои, за жал, ги подведувала на педофили за пари.
25-годишната Американка од Џорџија признала дека ќерките на возраст од 5 и 6 години ги носела во станови кај постари мажи.
Таа открила и дека децата ги одвела во станот на 78-годишниот Ричард Поуп Офис, кој го силувал 5-годишното девојче, додека другото дете му ги масирало стапалата, соопштило обвинителството на округот Фултон.
Додека во спалната соба се изживувал над девојчињата, Морган чекала во дневната соба.
По силувањата, како што се додава, тој на мајката и давал 100 долари. Тој минатата седмица бил осуден за силување и злоставување на деца на доживотна робија без право на условна.
Морган децата ги продавала и на педофилот Афлред Трех, кој исто така ги силувал и сексуално ги злоставувал. Тој за истото злосторство е осуден на 25 години затвор.
“Тешко е да се замисли нешто полошо од ова. Се надевам дека девојчињата некако ќе го надминат злоставувањето и ќе израснат во здрави лица кои ќе водат продуктивен и исполнет живот”, изјавила Ирина Касин, помошник на државниот обвинител.
Морган Самерлин е обвинета за трговија со луѓе поради секс, суровост кон деца и подведување на деца, а нејзината пресуда е закажана за 4. јуни.
Оваа мајка монструм, која покрај двете ќерки има и син, на Фејсбук делувала како и секоја друга мајка. Објавувала фотографии од децата и никој од пријателите и семејството не знаел што се случува зад затворени врати.
Тереза Дејвидсон, бабата на овие несреќни девојчиња, е обвинета за сурово однесување кон деца, бидејќи не им поверувала кога се пожалиле на злоставувањето. Осудена е на пет години затвор.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација