Мајка ја обесила и ја запалила сопствената ќерка бидејќи се омажила од љубов
Пакистанска тинејџерка денеска е запалена од нејзината мајка откако се омажила за маж од љубов и по сопствен избор, без согласност на фамилијата, соопшти полицијата, во последното од низата таканаречени „убиства од чест“ во таа земја.
Зеенат Биби (16) е запалена од нејзината мајка Первеен Биби во источниот град Лахоре, нешто повеќе од една недела откако се омажила, соопшти полицијата.
- Первеен Биби ја убила својата ќерка околу 9 часот наутро, изјави високиот полициски службеник Хаидар Ашраф за АФП, додавајќи дека таа се омажила за маж по име Хасан на 29. мај.
Зеенат Биби се омажила за маж од различна каста без согласност на својата фамилија што ја разбеснило нејзината мајка, изјави полицискиот службеник. Пакистанката утринава ја обесила девојката во семејната куќа во сиромашна градска населба, а по тоа го полила телото со бензин и го запалила, додаде полицаецот.
Мајката е уапсена и ќе биде спроведена истрага да се утврди дали уште некој од семејството помогнал во убиството. Тоа е трето такво „убиство од чест“ во поселдните неколку месеци. Во Пакистан се чести случаите во кои роднини убиваат жени сметајќи дека на тој начин ја штитат семејната чест.
Само во 2014. година според податоците на независната комисија за човекови права во таа земја се убиени повеќе од 1.000 жени и девојки.
Ново на Сител
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени
-
Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна