СДСМ: Продолжуваме со инвестирање во детската заштита, во 2020 започнува изградба на 4 нови градинки
Продолжуваме со инвестирање во детската заштита, во 2020 започнува изградба на 4 нови градинки
СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат унапредување на детската заштита и поголема грижа за најмладите.
Потпишани се четири нови договори за изградба и проширување на градинки во општините Карпош, Валандово, Арачиново и Пробиштип во вкупна вредност од речиси 134 милиони денари и вкупен капацитет од нови 315 места.
Целта е само со поддршката од Светска банка до јуни 2024 година да се обезбедат 7.500 нови места во градинките. Со последните 4 договори се инвестира во вкупно 13 градинки низ цела држава, а некои општини за прв пат добиваат објекти за згрижување и воспитание на децата.
Во текот на изминатата година преку истата компонента за којашто се обезбедени вкупно 15 милиони евра беа потпишани договори за изградба на градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци, Ѓорче Петров, Струмица, Крива Паланка, Боговиње и Ресен.
За оваа година од Буџетот на државата се издвоени 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години беа инвестирани над 180 милиони денари.Вкупно досега изградени се 43 нови објекти за градинки.
Покрај зголемувањето на капацитетите на градинките истовремено се работи на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само во последната година платите на вработените во градинките се зголемени за 21% што е најголемо покачување до сега.
СДСМ како одговорна партија сериозно се залага за подобра грижа и воспитание на децата бидејќи тоа е инвестиција на нашите идни генерации кои се иднината на нашата држава.
Ново на Сител
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам