Loading Video...
Кошарка
28. September 2020 - 11:01

Мајами ќе биде противник на ЛА Лејкерс го големото НБА финале

Екипата на Мајами ќе биде противник на ЛА Лејкерс го големото финале НБА кошаркарската лига
 
Мајами славеше победа над Бостон со 125-113 во петтиот меч од финалето на Источната конференција и со 4:1 во победи ја заврши серијата, со што „Жешките“ се пласираа во големото финале. 
 
Бам Адебајо беше најистакнатиот играч во победничката екипа остварувајќи дабл-дабл со 32 поени и 14 скока. Поддршка доби од Џими Батлер кој реализира 22, како и Тајлер Хиро со 19 и Андре Игудала кој придодаде 15 поени.
 
Мајами се избори за своето шесто големо финале во кое пак „Хитси“ за последен пат играа во 2014-та која беа поразени од Сан Антониот со 4:1. 
 
Последниот успех тимот од Флорида го имаше 2013-тата кога во своите редови го имаше Леброн Џејмс, кој пак сега ќе ги предводи Лејкерси во обидот по пауза од точно 10 години одново да се радуваат на шампионскиот трофеј. 
 
Финалната серија започнува во четврток наутро во 3 часот, а во истиот термин во сабота ќе се одигра вториот меч. Третиот и четвртиот натпревар ќе се играат во терминот од 1 часот и 30 минути по полноќ и тоа во понеделник (5 септември) и среда (7 септември). 
 
Финалната серија се игра во четири добиени натпревари.