Махмуд Абас ќе присуствува на погребот на Шимон Перес

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе присуствува на погребот на поранешниот израелски претседател Шимон Перес, соопштија израелските власти.
Весникот „Хаарец“ пишува дека Абас поднел барање за дозвола да го посети Израел, што е неопходна процедура за сите Палестинци од Западниот Брег.
Палестинскиот лидер планира да пристигне утре со помала делегација, во која ќе се наоѓа и шефот на палестинскиот тим на замрзнатите мировни преговори со Израел, Саеб Еракат.
Илјадници луѓе му одадоа денеска последна почит на Перес, чиј ковчег беше изложен во зградата на Парламентот.
Израелската полиција соопшти дека 8.000 нејзини припадници ќе се грижат за редот и безбедноста за време на погребот.
На Националните гробишта во Ерусалим се очекува утре да присуствуваат голем број странски лидери, меѓу кои и американскиот претседател Барак Обама, сегашниот и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд и Никола Саркози, британскиот принц Чарлс, германскиот претседател Јоахим Гаук, шпанскиот крал Фелипе Шести, канадскиот премиер Џастин Трудо, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
