МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
Советникот во Советот на Општина Пустец од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Јордан Јанкула, денеска им распредели подароци и книги на македонски јазик на децата од градинките и учениците од Деветолетката „Отпорот на Горичените“ во село Долна Горица, која ги опфаќа четирите села: Горна Горица, Долна Горица, Глобочани и Туминец.
Според Јанкула „даровите за најмалите и поддршката за македонскиот јазик во Општина Пустец“ обезбедени се во рамки на успешната соработка на МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје.
-Децата се израдуваа на подароците и на книгите на македонски јазик. За нив ова не е само обичен подарок, туку поттик да го негуваат својот мајчин јазик, да читаат, учат и да се гордеат со својата македонска култура и традиција, додава тој.
Јанкула посоува дека Македонци во Албанија, нивна должност е да ја зачуваат својата писменост, а со вакви акции покажуваат дека македонскиот јазик има своја иднина и меѓу младите генерации во Мала Преспа и пошироко.
-Продолжуваме со вакви иницијативи, затоа што секоја книга, секој збор на македонски значи многу за нашиот идентитет, вели Јордан Јанкула.
Ново на Сител
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”
-
Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО
-
Стапи во сила забраната на Трамп за влез во САД на државјани од 12 земји
-
Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените
-
Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче