Мадуро: ОПЕК сака договор за намалување на производството на нафта
Членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) се подготвени да постигнат догвоор за намалување на дневното производство на енергенсот, изјави синоќа венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
- Меѓу членките на ОПЕК постои волја за преземање напори во текот на ноември со цел да се постигне цврст договор за намалување на производството на нафта и да се воспостави механизам за стабилизација на нафтениот пазар, изјави Мадуро по средбата со генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо во Каракас.
Според Мадуро, тој договор треба да гаранрира постигување на „реална и балансирана цена“ на нафтата.
Баркундо од своја страна нагласи дека е можно да се ближи крајот на периодот на ниски цени на нафтата.
На состанокот одржан во Виена кон крајот на минатиот месец лидерите на ОПЕК и претставниците на Русија и на други држави производители на нафта, не успеаја да постигнаат договор за намалување на дневното производство на „црното злато“, чија цел е зголемување на неговата цена на светските берзи.
По средбата беше најавено дека на 25 и 26 ноември ќе се одржи нова средба во истиот формат, посветена на нови преговори за намалување на производството на нафта.
ОПЕК предлагаше сведување на дневното производство на нафта на ниво од 32,5 до 33 милиони барали, но некои од државите производители на енегренсот. како Иран, Ирак и Казахстан, се спротвставија на таквиот план.
Ново на Сител
-
Азир Алиу: Државата во целост ќе го финансира понатамошното лекување на повредените во „Пулс“
-
Три села во Општина Кривогаштани оставени 2 месеци без вода на пеколни горештини, никој не им помага
-
Завршува младинската олимпијада во Скопје
-
Крушево домаќин на Светскиот куп во дисциплината прелети, присутни се најдобрите пилоти од цел свет
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски