-->
-->
Мадридското дерби за Реал
-->

Реал славеше во градското дерби над Атлетико со 2:0 (1:0). Поразот од Реал е прв за Атлетико во Ла Лига оваа сезона. Реал со натпревар повеќе ја намали предноста што ја имаат „јорганџиите“ на три бода. Ова е прв пораз за Атлетико, во ла Лига, по серија од 26 натпревари. Претходно беа поразени во февруари, исто така од Реал.
Кога е најпотребно Реал игра најдобро, така е од почетокот на сезоната. Тимот кој загуби од Валанесија, кадиз, Алавез и Шахтјор, од стартот на сезоната победи во сите важни дуели.
Против Атлетико, издоминираа во првите 15 минути, кога го постигнаа првиот гол, што им овозможи миро да играат до крајот. Мечот започна со шансата на Бензема, Облак одбрани со помош на дирекот.
Во 15 минута по корнерот на Крос, Каземиро од 6-7 метри со прецизен удар го совлада Облак.
До крајот на првиот дел Реал имаше уште неколку опасни закани, но резултатот остана ист.
Атлетико во првиот дел воопшто не се закани кон голот на Куртоа. Во полувремето Диего Симеоне направи три измени, ја смени и формацијата во 4-4-2. Лемар во 55 минута промаши чиста шанса. Ударот на францускиот репрезентативец од шест метри заврши крај голот.
Во 63 минута, Крвахал, упати силен удар од 23-24 метри, топката удри во дирекот, потоа и во грбот на Облак и заврши во голот. Овој гол му е припишан на голманот на Атлетико.
Од 70 минута, Атлетико се обиде да притисне. Од таквата игра создадоа две шанси. Куртоа брилијантно го одбрани ударот на Саул во 80 минута, а пет минути подоцна Лемар биеше над голот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
-

Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина
-

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5
