Мадона и Мајкл Џексон кусо време биле во врска

Малку познат факт е дека музичките ѕвезди Мадона и Мајкл Џексон, кои за многумина се уште важат за кралица и крал на поп музиката, во минатото кусо биле во љубовна врска.
Но, посочни и попикантни се деталите за тоа како поп дивата ја прекинала таа романса - го критикувала на ТВ шоу. Џексон не можел да ги поднесе јавните критики кон него, па тоа довело до распад на нивната врска, открива неговиот долгогодишен пријател Фло Ентони.
За што се работи? Мадона во ТВ интервјуто изјавила дека се труди да го измени стилот на својот сакан, односно да „го ослободи“ од копчињата по кои тој беше препознатлив во доцните 80-ти и 90-те години од минатиот век.
Џексон доста лошо ги прифатил тие забелешки. По тоа нејзино појавување на ТВ, тие практично никогаш не се смириле, истакнува изворот.
Пејачката подоцна изјавуваше дека таа, а не „срамежливиот Мајкл“, всушност била иницијатор на врската.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Јас побарав да запрат исплатите за ИПАРД
-

Фетаи: Меџити држеше 2 места во владата
-

Коцевски: Ќе ги засилиме капацитетите за Пулс
-

Мицкоски: Не е крај на светот – компании ќе се отвораат и затвараат
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски со мрежа ќе го брани Вардар од отпад и загадување - Комунална хигиена останува под Град Скопје
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Не се намалува бројот на сообраќајки во главниот град – Дневно Брзата помош интервенира на 3-4 несреќи
