Мачадо му ја подари Нобеловата награда за мир на Трамп

Лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо на вчерашната средба во Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп му го врачи својот медал за Нобелова награда за мир.
Претставник на Белата куќа изјави дека Трамп ќе го задржи одликувањето.
– Марија ми ја даде својата Нобелова награда за мир за работата што ја завршив. Прекрасен гест на меѓусебно почитување. Ти благодарам, Марија!, објави Трамп на социјалните мрежи.
Мачадо го опиша состанокот како „одличен“, истакнувајќи оти подарокот е признание за посветеност на Трамп на слободата на венецуелскиот народ.
Иако Мачадо му го додели на Трамп златниот медал што го добиваат лауреатите, наградата формално останува нејзина. Норвешкиот Нобелов институт соопшти дека наградата не може да се пренесе, сподели или одземе.
По средбата во Белата куќа, Мачадо се сретна со повеќе од десетина сенатори, и републиканци и демократи, на Капитол Хил.
Мачадо во декември избега од Венецуела. Нејзе и беше забрането да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.
МИА
Ново на Сител
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
-

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија
-

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
