Лукаревска: Изречени се повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки
Управата за јавни приходи (УЈП) по завршувањето на најголемиот бран на Ковид кризата спроведе огромен број на контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки на територијата на целата држава и изрече повеќе од 400 глоби, потврди денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.
-Уште првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање на фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број на акции и на контроли, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешнатапрес-конференција по повод ,,Две години МојДДВ со граѓаните”.
Во периодот кога беше најголемиот бран на Ковид кризата, додаде, одевме само превентивно која сите даночни обврзници.
-По завршувањето на бранот имаме направено огромен бројна контроли и изречени се повеќе од 400 казни, односно глоби за даночните обврзници низ целата држава, прецизира Лукаревска.
Ново на Сител
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста