„Луфтханза“ разгледува евентуално укинување на 100 домашни летови поради високите даноци и аеродромските такси во Германија

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ би можела да укине околу 100 домашни летови неделно следното лето поради зголемените даноци и аеродромските такси кои ја оптоваруваат профитабилноста, изјави денеска извршниот директор на авиокомпанијата, Карстен Шпор.
„Без намалување на оперативните трошоци во Германија, новите укинувања ќе бидат неизбежни“, изјави Шпор за весникот „Велт ам Зонтаг“, наведувајќи дека се разгледуваат рутите од Минхен до Минстер-Оснабрик и Дрезден, каде компанијата моментално работи со загуба.
Тој истакна дека државните трошоци за авијација во Германија речиси двојно се зголемиле од 2019 година.
Според него, високите такси најмногу ги погодуваат картите во економска класа, додека стапките на пополнетост во повисоките класи се зголемуваат, објави „Блумберг“.
Германските авиокомпании веќе долго време предупредуваат за високите аеродромски такси.
Рајанер оваа недела најави намалување на зимскиот капацитет од 800.000 патници во Германија и откажување на 24 рути поради истите причини.
„Луфтханза“, која настојува да се опорави поради падот на профитот, планира да намали околу 4.000 административни работни места до 2030 година.
Во меѓувреме, нејзината нискобуџетна подружница „Дискавер“ планира да ја прошири својата флота за 10 авиони, вклучувајќи четири „А350-900“, за да ја зголеми ефикасноста на летовите на долги релации.
МИА
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
