-->
-->
Лу ќе ги предводи Клиперс
-->
Американскиот кошаркарски стручњак, Тајрон Лу ќе биде новиот тренер на Клиперс. Четириесет и тригодишниот Лу ќе потпише петгодишен договор, објавија американските медиуми.
Минатата сезона тој беше помошник тренер во НБА тимот.
Во септември раководството на Клиперс му додели отказ на Док Риверс, кој беше во тимот од 2013 година. Под негово водство, тимот никогаш не стигна до финалето на Западната конференција. Клиперси беа елиминирани во второто коло од плејофот оваа година.
Тајрон Лу беше на чело на Кливленд од 2016 до 2018 година. Под негово водство, Кавалирс станаа НБА шампиони во 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието