-->
-->
ЛШ - жени: ЖРК Вардар лидер во групата
-->

Ракометарките на ЖРК Вардар се радуваа на триумф на гостувањето во Шведска против Савенхоф во натпревар од последното коло од групата од Лигата на шампионките.
Македонскиот првак го победи Савенхоф со 29:26 полувреме 14:14.
Со овој триумф црвено-црните ги зачуваа шанси за освојување на второто место во групата 2 (теоретски може да биде и прв), а со тоа и полесен противник во четвртфиналето и реваншот да го игра дома. Сепак, за остварување на посакуваното тие ќе мора да го чекаат исходот од неделниот дуел меѓу Букурешт и Ѓер, потребен е пораз на Ѓер.
Што се однесува на вечерашниот дуел. Во редовите на ЖРК Вардар најефикасна беше Маја Сокач која дуелот го заврши со 7 постигнати голови, додека Барбара Лазовиќ реализира 5 .
Во недела покрај натпреварот Букурешт - Ѓер, ќе се играат и Будуќност – Митјиланд.
Табела: ЖРК Вардар 14 бодови, Будуќност 13, Ѓер 13, Букурешт 9, Митјиланд 5, Савехоф 2
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
