-->
-->
ЛШ - жени: ЖРК Вардар ги дозна ривалите во групната фаза
-->
Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар на денешната ждрепка ги добија противниците во групата во првата фаза од натпреварувањето од новата сезона во Лигата на шампионите.
ЖРК Вардар беше рангиран како носител и за ривали ги доби екипите на Астраханочка (Русија), ФТЦ (Унгарија) и победникот од групата 2 од квалификациите каде играат: Лајпциг (Германија), Хипо (Австрија), Бера Бера (Шпанија) и Гомел (Белорусија). ЖРК Вардар е дел од групата Б.
Во групата А се: Будуќност (Црна Гора), Турнингер (Германија), Мец (Франција) и победникот на квалификациона група 1 ( Гласверкет (Норвешка), Подравка (Хрватска), Далфсен (Холандија) и Јенимахале (Турција).
Во групата Ц се: Ѓер (Унгарија), Букурешт (Романија - европски шампион), Митјиланд (Данска) и Ростов Дон (Русија).
Во групата Д се: Ларвик (Норвешка), Есбјерг (Данска), Савехоф (Шведска), победник на квалификации од група 3 : Крим (Словенија), Лублин (Полска), Конверсано (Италија) и Михаловце (Словачка).
Натпреварите од 1.коло се играат од 14-16.октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера