-->
-->
ЛШ: Вардар со „десетка“ го совлада Киелце
-->
Ракометарите на Вардар ја постигнаа петтата победа во групата Б од Лигата на шампионите. Попладнево во СЦ „Јане Сандански“ падна големиот должник од лани полскиот тим Киелце со 34:24 (18:14). Вардарци со овој триумф остануваат на првата позиција до следното коло бидејќи сега ќе следува пауза за настап на репрезентациите.
Вардар во текот на целиот натпревар беше доминатен и постојано ја зголемуваше разликата. На полувремето беше 18:14, а разликата беше зголемена и за помалку од 40 минути беше девет разлика 25:16. Вардар највисоката разлика ја имаше во 57.минута кога поведе со 33:22.
Одличен на голот беше Арпад Штербик кој имаше 12 одбрани, а Киелце од 5 седмерци реализираше само еден (Агинагалде), додека не реализираа(Агинагалде, Чупиќ, Биелицки, Бунтиќ).
Најефикасни на дуелот беа Дибиров и Горбок со по 8 голови.
Во следното коло Вардар гостува кај Барселона.
Табела: Вардар 10 бодови, Барселона 7, Рајн Некар Ловен 7, Киелце 6, ПИК Сегед 6, Кристијанштад 4, Монпеље 4, Колдинг 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова
-
Преглед на вестите од светот
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи
-
Преглед на вестите од светот
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски