-->
-->
ЛШ: Вардар по „одмазда“ во Флензбург
-->
Ракометарите на македонскиот првак Вардар попладнево го играат првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите против германски Флензбург и ова им е шанса за реваншот за елиминацијата од пред четири сезони истотака во четвртфиналето. Флензбург беше поуспешен поради повеќе голови постигнати на гости откако вкупниот резултат беше 49:49.
Вардар изминативе сезони знаел да победи како гостин во дуелите со германските екипи: Рајн Некар Ловен, Хамбург. Неизвесно е само колку на теренот на денешениот дуел ќе биде Игор Карачиќ, кој изминативе денови беше болен и не тренираше со полн интензитет.
Во пресрет на првиот дуел голманот на Вардар Арпад Штербик истакна:
- Тука сме каде што поаскувавме да бидеме. Флензбург е нашиот ривал во четвртфиналето, нема да ни биде лесно, особено што ова е екипа која е кандидат за титулата во Бундес лигата. Но, ние сезонава ја играме добро и затоа сметам дека имаме шанси.
Почетокот на дуелот е во 17:30 часот, а судии се Ненад Крстич и Петар Љубич од Словенија.
Во истиот термин денеска играат и Веспрем и Монпеље, додека утре се играат дуелите: Кил – Барселона и ПИК Сегед – ПСЖ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен