-->
-->
ЛШ: Вардар го напаѓа третото место во групата
-->
Ракометарите на Вардар остварија важна победа во дуелот со ПИК Сегед и сега се наоѓаат на 4.место на табелата со сериозни шанси од позицијата број 3 да влезат во разигрувањето.
Вардарци славеа со 31:29 и се на добар пат во следната, елиминациска фаза да добијат полесен противник.
Страхиња Милиќ, кој во игра влезе во финишот на првото полувреме натпреварот го заврши со 13 одбрани или повеќе од половина упатени удари кон неговиот гол.
Во нападот одличен беше Хорхе Македа со осум погодоци, Алекс Душебаев даде пет, Сергеј Горбок имаше четири реализации.
Во домашниот состав се истакна Словенецот Дејан Бомбач постигнувајќи седум погодоци.
На првиот денешен натпревар од оваа група Киелце на гости го совлада Монпеље со 32:27.
Рајн Некар го победи Колдинг 24:20.
Табела: Барселона 21 бод, Киелце 19, Рејн Некар 17, Вардар 16, Пик Сегед 15, Монпеље 7, Кристијанштад 5, Колдинг 4.
Во последното коло следниот викенд играат:
Вардар - Монпеље,
Барселона - Рајн Некар Ловен,
Колдинг - Кристијанштад,
Киелце - ПИК Сегед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза