Ракомет
25. September 2016 - 18:31

ЛШ: Успешен старт за црвено-црните

Ракометарите на Вардар со победа ја отворија сезоната во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“, во неделата, рутински славеа кај Кристијанштад 28-23 (15-12).
 
Вардар успешната серија од СЕХА лигата ја пренесе и во Лигата на шампионите, кај Кристијанштад рутиски славеа предводени од Шетрбик (13 одбрани), односно Душебаев (7 голови) и Карачиќ 5 голови).
 
Отпорот на Кристијанштад траеше десетина минути, кога домашниот тим ја оствари максималнатата предност од три гола (7-4). По минутата одмор на Раук Гонзалес, Вардар најпрвин ја консолидира одбраната, Штербик влезе во ритам, а како резултата на цврстата зона прорабте нападот и врадарци со серија 7-1 го свртеа резултатот за 11-8.
 
Во продолжение на мечот Кристијанштад само еднаш се закани кога стигна до гол негатива 11-10, Вардар лесно се врати во позитивниот ритам, три гола на полувреме, потоа и максимална предност од 25-18, во второто полувреме, за конечен триумф 28-23.
 
Вардар во второто коло, во Б групата, на 1.октомври (17:30 часот) ќе го пречека Мешков Брест.