-->
-->
ЛШ: Уште четири слободни места
-->
Дванаесет тимови, во пресрет на последното коло во Лигата на шампиони, обезбедија пласман во осминафиналето, што значи дека има уште четири слободни места. Последното коло во Лигата на шампионите ќе се одигра на 6 и 7. декември.
Европска фудбалска пролет обезбедија: Арсенал, ПСЖ, Барселона, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Монако, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Лестер и Јувентус.
ПСЖ и Арсенал, според очекувањата, ја минаа групата А, а по последното коло ќе биде познато кој ќе го освои првото место, но и кој од третото место ќе игра во Лига Европа (Базел или Лудогорец).
Во последното коло ПСЖ ќе го пречека Лудогорец, додека Арсенал ќе гостува во Базел.
Најнеизвесно е во Б групата, каде три тима се борат за првите две позиции. Во пресрет на последното коло и меѓусбниот дуел во Лисабон, Наполи и Бенфика имаат по осум бодови, Бешикташ е трет со седум и во последното коло со триумф во Киев над Динамо ќе обезбеди осминафинале.
Банфика со победа над Наполи ќе игра во нокаут фазата, додека на наполитанците им е доволен и еден бод од овој меч, бидејќи се подобри во меѓусебниот скор.
Работите се повеќе од јасни во групите Ц и Д. Првите места во овие групи ги освоија Барселона и Атлетико Мадрид (единствен со пет победи оваа сезона), а како второпласирани завршија Манчестер Сити и Баерн, кои на осминафиналната жрепка сигурно ќе бидат најнепосакуваните противници за победниците на групите.
Монако со добра игра успеа да си го обезбеди првото место во Е групата, а втор е Баер Леверкузен. Тотенхем и ЦСКА во последното коло ќе се борат за третата позиција на табелата.
Ф групата ја минаа Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, а кој ќе биде прв ќе биде познато по нивниот дуел во Мадрид на 7. декември. Повеќе изгледи за третото место има Спортинг кој ќе гостува кај Легија која само со победа може до третото место.
Англискиот првак Лестер ја обезбеди „единицата“ во Г групата, а на второто место Порто има два бода повеќе од Копенхаген. Во последното коло Порто ќе го пречека Лестер, а Копенхаген ќе гостува во Бриж.
Јувентус од Х групата обезбеди осминафинале, а за првата позиција му е потребна победа над аутсајдерот Динамо во последното коло. Лион и Севилја ќе решаваат за вториот патник, шпанскиот тим е во подобра положба, бидејќи и со бод може во осминафиналето, додека на Лион му е потребен триум од најмалку два гола разлика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година