-->
-->
ЛШ: Триумф на „вардарци“ над ПИК Сегед
-->

Ракометарите на македонскиот првак Вардар со победата од 23:21 над ПИК Сегед во Унгарија останаа на првата позиција на табелата во Б групата. Со оваа победа Вардар остана со најголеми шанси за освојување на првото место во својата група.
Во првиот дел од натпреварот македонскиот шампион имаше предност од 1-2 гола, но домаќинот успеваше да изедначи и на полувреме беше 12:11 за Вардар. На почетокот на вториот дел по водството на „црвено-црните“ од 14:12 домаќинот успеа да направи пресврт и поведе со 16:14. Во тој период Вардар точно 10 минути не постигна гол. Во финишот на дуелот и ПИК Сегед имаше „црна дупка“ и шест и пол минути не успеа да постигне гол. На 80 секунди пред крајот Тимур Дибиров украде топка и донесе водство за Вардар од 22:21, а победата ја потврди Душебаев на 20-стина секунди пред крајот.
Најефикасни на дуелот беа Дибиров кај Вардар и Стас Скубе кај ПИК Сегед со по 6 голови. Голманот на Вардар Арпад Штербик имаше 14 одбрани.
На вториот натпревар од групата одигран попладнево Мешков Брест – Загреб 21:21.
Табела: Вардар 16 бодови, Киелце 14, ПИК Сегед 13, Рајн Некар Ловен 13, Мешков Брест 12, Кристијанштад 6, Загреб 5, Цеље 5.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
