-->
-->
ЛШ: Тешка победа за Флензбург над Висла
-->
Ракометарите на Флензбург ја забележаа и втората победа во групата од Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен ја победија полска Висла со 22:20. Ова беше првиот натпревар од 5.коло. Гостите од Полска на почетокот на натпреварот имаа висока предноста (1:7 – 10 минута и 3:8 – 15 минута), но не ја зачуваа.
Македонските екипи овој викенд своите натпревари ги играат на гостински терен. Вардар во сабота гостува кај ППД Загреб, додека Металург во недела ќе игра на теренот на Монпеље.
Распоред на натпреварите од 5.коло:
А група: Флензбург – Висла 22:20. Барселона – Веспрем, Кил – Кадетен Шафхаузен и Силкеборг – ПСЖ.
Табела: Барселона 8 бодови, Веспрем 6, ПСЖ 6, Флензбург 5, Силкеборг 4, Кил 4, Висла 1, Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: ППД Загреб – Вардар, ПИК Сегед – Мешков Брест, Киелце – Рајн Некар Ловен и Кристијанштад – Цеље.
Табела: Киелце 8, Вардар 8, Рајн Некар Ловен 5, Мешков Брест 4, ПИК Сегед 3, Кристијанштад 2, Цеље 2, ППД Загреб 0.
Ц група: Монпеље – Металург, Татран Прешов – Чеховски Медведи и Елверум – Ла Риоха.
Табела: Ла Риоха 5, Елверум 5, Монпеље 4, Чеховски Медведи 4, Металург 4, Татран Прешов 2.
Д група: Брага – Мотор, Бешикташ – Холстебро и Динамо Букурешт – Нант.
Табела: Нант 7, Бешикташ 5, Брага 4, Динамо Букурешт 4, Мотор 3, Холстебро 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две години условна казна затвор за онкологот кој призна вина
-
Македонската дијаспора во САД го одбележа празникот Раѓање на Пресвета Богородица
-
Поголема соработка и нови инвестиции од Дубаи се очекуваат по нивната посета во земјава
-
Тошковски ја отвори конференцијата на европскиот огранок на американскиот ФБИ во Скопје
-
Еколошките инциденти доведуваат до хронично труење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк