Loading Video...
Фудбал
19. јуни 2018 - 17:38

ЛШ: Шкендија против Њу Сеинтс во 1.коло

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, Шкендија доби одличен противник во 1. Квалификациско коло во името на Њу Сејнтс од Велс . Тетовчани се голем фаворит на овој дуел и се блиску до првата квалификациска рунда од најелитното натпреварување.

            Покрај противникот од првото квалификациско коло  фудбалерите на Шкендија го добија и евентуалниот противник во втората квалификациска рунда каде ќе ги очекува победникот од пресметката помеѓу претставникот на Грузија, Торпедо Кутаиси и првакот на Молдавија, Шериф.

            Според календарот тетовчани и во првото и во второто квалификациско коло на 11 јули и на 24. Истиот месец ќе бидат домаќини.

            Њу Сеинтс е екипа која доминира во првенството на Велс со 7 титули во последните 7 сезони или вкупно 12 во својата историја. Тоа е  екипа која нема некој позначаен успех на меѓународната сцена за разлика од Шкендија  која минатата сезона имаше забележителен настап во Лига Европа каде успеа да дојде до 3.квалификациско коло.