ЛШ: Рома оствари предност против Порто

Неизвесен дуел обезбедија фудбалерите на Порто во Рим откако беа поразени од домашната Рома со 2:1 во првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите. Римјаните пропуштија можност со поголема разлика да го започнат реваншот во Порто.
Рома сигурно одигра најдобро во последните два месеци, но само поради еден кикс во одбраната не обезбедија убедлива предност.
Играчите на Еузебио Ди Франческо започнаа да го притискаат противникот по 20 минута, а најдобрата шанса во првиот дел ја имаше Един Џеко кога го погоди дирекот.
Репрезентативецот на БиХ, во главна улога беше во 70 минута кога му асистираше на Заниоло за првиот гол. Истиот играч шест минути подоцна зголеми на 2:0. Тој беше на вистинското место, откако топката се одби од дирекот по обидот на Џеко.
Три минути по вториот гол на Рома, „студен туш“ за сите на „Олимпико“. Напад на Порто што не ветуваше, топката среќно стигна до Адријан Лопез кој го совлада Олсен.
Реваншот на „Драгао“ во Порот е закажан за 6 февруари.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
-

Решение за превозниците е склучување билатерални договори
-

Трет состанок на министрите за животна средина од Западен Балкан за Зелената агенда
