-->
-->
ЛШ: Реал Мадрид и покрај поразот се избори за финале
-->
Реванш натпреварот од полуфиналето меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одигран синоќа на „Висенте Калдерон“ заврши со победа на домашниот тим од 2:1, но тоа значеше вкупен резултат од 4:2 за Реал Мадрид. Така во финалето на 3.јуни во Кардиф ќе играат Јувентус и Реал Мадрид. Ова ќе биде второ финале на овие два тима, а во првото во Амстердам во 1998 година победи Реал со 1:0.
Натпреварот почна со иницијатива на Атлетико и оваа екипа по 16 минути игра веќе водеше со 2:0 со головите на Саул Нигуез во 12.та минута и на Антоан Гризман во 16.та минута од пенал. Во финишот на првиот дел по одличната акција на Карим Бензема, Иско во 42.та минута ја затресе мрежата на противникот.
Со пласманот во финалето европскиот шампион Реал Мадрид има шанса да ја одбрани титулата и да стане прва екипа што успеала да го направи тоа откако е сменет форматот и се игра ова натпреварување под името Лига на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил