-->
-->
ЛШ: Првакот Барселона немаше решение за Кил
-->
Ракометарите на Кил успеаја во четвртфиналето да го елиминираа европскиот шампион Барселона откако син оќа во реваншот во „Блауграна“ во Барселона загубија со 33:30, но во вкупниот резултат беше 59:57 благодарение на победа од 29:24 на првиот дуел. Ова за Кил е шесто учество на завршниот турнир во Келн, а имаат и две титули во 2010 и 2012 година. Со елиминацијата на Барселона продолжи традицијата шампионот откако се игра „фајн фор“ турнир да не успева да ја одбрани титулата.
Во поголемиот дел од првиот дел Кил имаше предност, а Барселона од 45.минута го презеде водството и во 55.минута за првпат поведе со 31:26 или пет голови разлика колку што беше на првиот дуел за Кил. Но, бундеслигашот предводен од шпанскиот репрезентативец и во новата сезона нов играч на Вардар Жоан Кањелас со три гола во серија ги сруши надежите на Барселона дека ќе се пласира во полуфиналето.
Кањелас постигна вкупно 6 голови, како и неговиот соиграч Марко Вујин и Ентрериос од Барселона.
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров натпреварот го заврши со 5 голови.
Попладнево се игра последниот реванш четвртфинален дуел меѓу ПСЖ И Загреб, а предност од 28:20 од првиот дуел има ПСЖ. Пласман во полуфиналето изборија Веспрем откако беше поуспешен од македонскиот шампион Вардар и Киелце по елиминацијата на Флензбург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час