-->
-->
ЛШ: Нордиско отворање на сезоната
-->
Натпреварот во Б групата помеѓу Кристијанштад и Колдинг Копенхаген кој ќе се одигра в среда со почеток во 19 часот ќе го означи стартот на новата сезона во ракометната Лига на шампиони.
Од оваа сезона Лигата на шампионите има нов формат, односно тимовите се поделени во две квалитативни групи. Во групите А и Б се поквалитетните тимови, меѓу кои е и македонскиот првак Вардар и од овој сегмент повеќе тимови ќе изборат пласман во осминафиналето.
Во групите Ц и Д се сместени екипите со послаб рејтинг, во една од нив партиципира Металург и од овие групи само првите два тима ќе одат меѓу 16-те најдобри.
Македонските претставници своите мечеви од првото коло ќе ги одиграат викендов, Вардар в недела ќе гостува во Монпелје, а Металург в сабота ќе игра против украински Мотор Запорожје, исто така на гостински терен.
ЛШ, 1.коло:
Група А:
Загреб-Кил
Висла-Веспрем
Фленсбург-Пари Сен Жермен
Бешикташ-Цеље
Група Б:
Монпелје-Вардар
ПИК Сегед-Киелце
Рајн Некар-Барселона
Група Ц:
Чеховски медведи-Ла Риоха
Мешков Брест-Војводина
Порот-Татран Прешов
Група Д:
Шафхаузен-Елверум
Мотор Запорожје-Металург
Скјерн-Баја Маре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија