-->
-->
ЛШ: Мистер 100
-->

Лео Меси постигна два гола против Селтик во Глазгов, во Лигата на шампионите, со кои Барселона победи 2:0, а Аргентинецот стигна до единствен рекорд во светот на фудбалот.
Лео Меси со двата гола против Селтик стигна добројката од 100 погодоци на интернационалните клупски натпреварувања (Лига на шампиони, УЕФА Супер куп и ФИФА Светско првенство за клубови).
Аргентинецот оваа сезона има постигнато девет голови во Лигата на шампионите, односно стигна до бројката од 92 гола на 110 натпревари во елитното натпреварување. Лидер на оваа листа е Кристијано Роналдо со 95 погодоци.
Првиот гол во елитата Меси го постигна во далечната 2005 година во триумфот на Барселона над Панатинаикос од 5:0. Она што е интересно во неговиот рекорд дека Селтик е првиот тим против коj постигнал два гола во интернационалната кариера.
Во Лигата на шампионите е косопственик, со Луиз Адријано, на рекордот според бројот на постигнати голови на еден натпревар. Пет гола постигна во победата на Барселона над Баер Леверкузен од 7:1.
Инаку, Аргентинецот има постиганот најмногу голови во 2016 година, во сите натпреварувања за клубот и репрезентацијата има постигнато 54 гола, зад него се Роналдо со 49, Луис Суарез со 47 и Ибрахимовиќ со 41.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
