-->
-->
ЛШ - мажи: Прво финале за ракометарите на Вардар
-->

Ракометарите на Вардар го постигнаа најголемиот успех во македонскиот ракомет откако се пласираа во финалето на ЛШ по победата над Барселона со 26:25 (13:12).
Во почетните минути Вардар почна со грешки, но добро беше што ниту противникот не го искористи тоа. По 4:4 Барселона направи серија од 4:1 за водство од 8:5, но Вардар брзо се врати и по 5:2 изедначи на 10:10. Нерешено со предност на еден или друг тим од еден разлика беше кога Вардар се одлепи и во 44.минута поведе со 19:17. Во тој период кај Барселона се разигра Лазаров и го одржуваше каталонскиот тим во игра. Резултатот последен пат беше изедначен 25:25 кога Лазаров погоди на 20 секунди пред крајот.
Но, славата ја зема Лука Циндриќ кој погоди во последниот напад на Вардар за 26:25.
Кај Вардар стрелци беа: Македа 1, Карачиќ 2, Душебаев 7, Циндриќ 4, Чупиќ 7, Борозан 5. Штербик имаше 14 одбрани.
Утре во финалето истотака од 18 часот Вардар ќе игра против ПСЖ, кој со 27:26 го победи Веспрем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
-

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис со многу високо ниво на THC, пристигнати од Канада
-

Симовски: Дадовме солиден отпор против светскиот вицепрвак
