-->
-->
ЛШ: Лестер носител
-->
Два дена по завршувањето на сезоната во Лигата на шампионите, УЕФА ги објави составите на „шеширите“ за фазата по групи во сезоната 2016/2017.
Англискиот шампион Лестер се наоѓа во групата на тимови кои извлекувањето на групите, ќе го чека од првиот „шешир“. Покрај Лестер носители ќе бидат Реал, Барселона, Баерн, Јувентус, Бенфика, ПСЖ и ЦСКА Москва.
Атлетико, европскиот вицпрвак, има најдобар рејтинг од тимовите кои се во вториот „шешир“, каде со сигурност ќе бидат Борусија Дортмунд, Арсенал, Порто, Наполи, Баер Леверкузен и Севилја.
Последен во ова друштво може да биде Манчестер Сити доколку ги мине квалификациите. Кикс на Сити чека Базел, кој е со најдобар рејтинг од тимовите кои се предвидени да бидат во третиот „шешир“, каде сигурно ќе бидат Тотенхем, Олимпијакос, Динамо Киев и Лион, а имињата на останетите тимови ќе бидат познати по завршувањето на квалификациите.
Шешир 1: Реал, Барселона, Лестер, Баерн, Јувентус, Бенфика, ПСЖ, ЦСКА
Шешир 2: Атлетико, Борусија, Арсенал, Ман,Сити*, Севилја, Порто, Наполи, Баер Л.
Шешир 3: Базел, Шахтјор, Тотенхем, Олимпијакос, Динамо Киев, Лион, Виљареал*, Ајакс**
Шешир 4: ПСВ Ајндховен, Спортинг Лисабон, Викторија Плзен**, Бриж, Салцбург***, Борусија Менхенгладбах*, Рома*, Фенербахче*, Спарта Прага**, Селтик***, Стеауа**, Монако**, Бешикташ
Легенда:
*плејоф во квалификациите
**трето квалификациско коло
***второ квалификациско коло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Итен инспекциски надзор за несобраното ѓубре, бара Здружението на млади правници
-
Со Clarivate - Web of science чекор поблиску до Шангајска листа
-
Сиљановска - Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас
-
Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе одат со Бугарија, некои со Албанија
-
Две возила и магацин на маркет изгореа ноќеска во центарот на Скопје кај Зелен пазар
-
Филипче ја презентира резолуцијата на црвените линии во евроинтеграциите
-
Ден без автомобили во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот