-->
-->
ЛШ: Лазаров најдобар стрелец во уште една победа на Барселона
-->

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров беше лидер на шпанскиот првак Барселона во новата победа во Лигата на шампионите.
На средбата од 4.коло во А групата, Барселона синоќа на свој терен убедливо го совлада швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен со 38:25.
Лазаров беше најдобар стрелец во победничката екипа со седум постигнати голови, додека Лука Марос со еден повеќе за Кадетен беше најефикасниот играч на натпреварот.
Борко Ристовски не доби шанса на овој меч, бидејќи на голот бна каталонскиот тим беше одличниот Перез де Варгас кој забележа 15 успешни интервенции.
За Барселона ова беше четврта победа во исто толку одиграни натпревари и со осум освоени бодови е на првото место на табелата во својата групата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
