-->
-->
ЛШ: Киелце подобар од Вардар
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар не успеа да го повтори успехот од Скопје и вторпат сезонава да го победат Кјелце. Полскиот и европскиот првак вечерва славеше против Вардар со 27:24 пробивајќи се осамен на првото место во групата Б од Лигата на шампионите.
Кјелце се израдува на победа уште еднаш во натпреварите со Вардар на свој терен и третпат тесно и без да доминира против „црвено-црните“. Во натпревар со многу технички грешки и сомнителни судиски одлуки, бранителот на титулата во ЛШ почна поагресивно, со водство во текот на целото прво полувреме.
Имаше 4-1 во петтата минута, а вардарци постојанo бркаа негатива. Израмнија прво на 4-4 во 9. минута, а потоа дојдоа на 9-9 на 10 минути до крајот на првиот дел. Голманите немаа некоја голема улога во овие 30 минути, а актерите на теренот правеа грешки од кои повеќе искористи Кјелце. Направи 3-0 во финишот од мечот и на одмор замина со 15-12.
Во вториот дел на сцена стапи Страхиња Милиќ, со 11 одбрани од вкупно 13 на крајот од мечот. Им фати три од 10 досудени пенали за полските ракометари, но ниту тоа не беше доволно Вардар да направи резултатски пресврт. Напротив, Кјелце достигна највисоки плус четири, прво 18-14 во 35. минута, а потоа и 22-18. Сепак, домаќинот немаше капацитет уште да ги запира налетите на Вардар и во 50. минута изедначивме на 22-22.
Имаше Вардар и напад за водство, но тоа не дојде. Циндриќ ја погоди стативата во 56. минута за да намали на минус еден, а потоа и Дибиров промаши оставајќи му ја победата на полскиот тим.
Овој резултат значи дека Вардар ќе презими во Лигата на шампионите на третото место во групата Б, со 12 бода. Еден повеќе има Пик Сегед, а Кјелце со вечерашната победа дојде до 14, на чело на табелата. Првиот натпревар од пролетната полусезона македонскиот првак го очекува на 18 февруари, на теренот на Пик Сегед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче