Фудбал
21. October 2015 - 9:22

ЛШ: Касиљас со 51 меч без примен гол

Голманот на Порто, Икер Касиљас, против Макаби го одигра 51-от натпревар во Лигата на шампионите на кои не примил гол и стана апсолутен рекордер на ова натпреварување.
 
Касиљас, кој од оваа сезона брани за Порто, прв пат во Лигата на шампионите ја сочува својата мрежа како играч на португалскиот тим, а претходните 50 натпревари на кои не прими гол ги одигра во дресот на Реал Мадрид.
 
Касиљас на вечната листа го мина холандскиот голман Едвин Ван Дер Сар.
 
Порто во вторникот славеше над Макаби Тел Авив со 2:0 и се искачи на првото место во Г групата со седум бодови, два повеќе од киевски Динамо и три повеќе од Челзи.
 
Порто против Макаби победи со головите на Винсент Абубакар и Јацин Брахими.