-->
-->
ЛШ: Финале за Кјелце
-->
Најдобриот полски тим, Кјелце е првиот финалист во Лигата на шампионите. Кјелце, во првото полуфинале на завршниот турнир во Келн, славеше над ПСЖ 28-26 (16-16).
Првото полуфинале, кое го следеа речиси 20.000 гледачи, донесе голема борба, одличен ракомет, блескави голмански интервенции и на крајот пласман на Кјлеце во првото финале во клупскста историја. Инаку, полскиот шампион во изминатите две сезони го освојуваше третото место на завршниот турнир.
Ниту еден од тимовите, во текот на мечот, немаше преднсост поголема од три гола. ПСЖ подобро го отвори првиот дел оствари предност 6-3 и до финишот на мечот имаше контрола врз резултатот, но предноста не успеа да ја задржи.
Кјлеце во второто полувреме, благодарение на серијата одбрани на голманот Шмал, стигна до 18-16, потоа ПСЖ го врати водството, кое го држеше се до 54-та минута и резултат 24:23.
Кјлеце потоа со серија 4-1 стигна до два гола предност, а решавачкиот гол го постигна Штрлек за 25-27 на нецели 80 секунди до крајот на мечот.
Јурецки, Штрлек и Рајхман постигнаа по три гола за победникот, Шмал имаше 11 интервенции, додека кај ПСЖ Хансен беше прв стрелец со 10 голови, но само еден во вториот дел во кој промаши два седмерци, додека Омејер одбрани 13 удари.
Противник на Кјелце во финалето ќе биде победникот од мечот помеѓу Веспрем и Кил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица