-->
-->
ЛШ: Фановите го избраа тимот на годината, најмногу гласови за Рамос
-->
Посетителите на официјалната интернет страница на УЕФА го избраа најдобриот тим на годината во Лигата на шампионите. Интересно најмногу гласови доби дефанзивецот на Реал, Серхио Рамос.
Серхио Рамос во гласањето за најдобриот тим во Лигата на шампионите зад себе ги остави соиграчот Кристијано Роналдо и Лионел Меси од Барселона. Дефанзивецот на Реал доби речиси половина милион гласови (488.908). Зад Рамос се Кристијано Роналдо (450.220) и Меси (418.449).
Во гласањето најмногу гласови добиле играчите на Реал (24 отсто), потоа на Барселона (16 отсто).
Идеалниот тим во ЛШ, формација 4-3-3:
Голман: Џиџи Буфон (Јувентус)
Одбрана: Џером Боатенг (Баерн), Џорџо Кјелини (Јувентус), Џерард Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал)
Среден ред: Лука Модриќ (Реал), Тони Крос (Реал), Андрес Иниеста (Барселона)
Напад: Антоан Гризман (Атлетико), Лео Мeси (Барселона), Крстијано Роналдо (Реал).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември
-
Светска банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,1% годинава
-
Македонија од денеска во СЕПА, плаќањето кон ЕУ поевтино