-->
-->
ЛШ: Европскиот првак пресилен за Атлетико
-->
Баерн Минхен со победа ја започна одбраната на титулата од Лигата на шампионите, триумфирајќи над Атлетико Мадрид со 4:0 на „Алијанц арената“, додека со малку среќа до победи стигна и Ливерпул на гости кај Ајакс (0:1), додека Интер со гол во 90-тата минута успеа да извлече 2:2 реми со Борусија Менхенгладбах.Херојот од финалето во Лисабон, Кингсли Коман, го отвори резултатот во 28. минута, по една долга акција на Баварците, пред во 41. минута, Коман да му асистира на Леон Горецка за 2:0. Атлетико мислеа дека се вратија во игра во 47. минута, кога Жоао Феликс ја затресе мрежата, но ВАР одлучи дека Луис Суарез беше во офсајд.
По ова, европскиот шампион уште еднаш ја покажа својата безмилосност – Корентин Толисо постигна апсолутно спектакуларен гол од огромна далечина во 66. минута, пред Коман уште еднаш да погоди во 72. минута, поигрувајќи се со одбраната на гостите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Скопје
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
