Loading Video...
Ракомет
15. September 2019 - 19:48
ЛШ: Еурофарм Р. поразен минимално
Во драматичен и неизвесен дуел екипата на Еурофарм Работник стартуваше со пораз во своето дебитантско издание од Лигата на шампионите во Ракомет. Битолчани се поразени минимално со 30-29 од португалскиот Спортинг пред својата публика во Битола.
Првиот дел му припадна на нашиот претставник кој предводен од Стјепановиќ и Остроушко оствари предност од 16.15.
Во вториот Еурофарм имаше предност и од два гола 13-11 но дозволи гостите да се соземат и да дојдат на високи 24-21 во нивна корист. Оваа предност ја искористија за победа иако домаќинот правеше притисок и успеа да израмни но не и да се спаси од пораз.
Остроушко со 5 погодоци беше најефикасен во редовите на Еурофарм Р. кој веќе в среда гостува во Шведска кај Савехоф.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->