-->
-->
ЛШ: Баерн ќе ја руши серијата на Динамо З.
-->
Второто коло во фудбалската Лига на шампиони ќе започне во вторник со дуелите во групите Е, Ф, Г и Х.
Европскиот првак Барселона ќе го пречека Баер Леверкузен без Лионел Меси, кој поради повреда на тетивата ќе отсуствува од терените околу шест недели. Овие две екипи во ЛШ играа во осминафиналето во сезоната 2011/2012 и тие дуели не ги паметат по добро во Леверкузен. Барса тогаш победи во Леверкузен со 3-1, а во реваншот Меси го режираше дебаклот на ‘фармацевтите’, тој постигна пет голови во победата од 7-1.
БАТЕ Борисов ќе ја пречека Рома чиј тренер се соочува со големи кадровски проблеми поради повредите на Џеко, Тоти, Ридигер, Кеита.
Динамо Загреб во првото коло го шокираше Арсенал, но против Баерн во Минхен е тотален аутсајдер.Сепак хрватскиот првак има одлична серија од 45 средби без пораз и затоа Гвардиола најавува внимателен приод кон овој меч. Арсенал првите бодови во ЛШ оваа сезона ќе се обиде да ги освои против Олимпијакос кој традиционално игра лошо на гостувањата.
Макаби во Тел Авив ќе се обиде да освои некој бод против киевски Динамо, кој во првото коло среќно освои бод против Порто.
Португалскиот првак, во дербито ќе му се спротивстави на Челзи кој е далеку од вистинската форма на стартот од сезоната. Мурињо со Челзи има само две победи во Премиерлигата во воведните седум натпревари.
Зенит според искуството во ЛШ е фаворит против белгиски Гент, додека неизвесност се очекува на „Жерлан“ во Лион, каде домаќинот ќе ја пречека Валенсија.
ЛШ, 2.коло:
Група Е: Барселона-Баер Леверкузен, БАТЕ Борисов-Рома
Група Ф: Баерн Минхен-Динамо Загреб, Арсенал-Олимпијакос
Група Г: Макаби Тел Авив-Динамо Киев, Порто-Челзи
Група Х: Олимпик Лион-Валенсија, Зенит-Гент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам