Лозарите очекуваат навремена исплата на првата рата за грозјето
До 15 декември винарите треба да ја исплатат првата рата за откупеното грозје во изминатата сезона. Производителите очекуваат законскиот термин да биде запазен.
- Наближува терминот до кој, според законот, винарите мора да ја исплатат првата рата. Се надеваме дека ќе ги испочитуваат законските одредби и ќе го платат навреме родот произведен со мака и пот. Веќе се почнати активностите во лозовите насади за следната производствена сезона, па неопходни ни се финансиски средства, изјави денеска претседателот на Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов.
Според него, за да ја извршат навреме резидбата, лозарите од Тиквешијата го почнаа кроењето на виновите лози.
- Оние што имаат големи плантажи не можат да го чекаат 14 февруари и верскиот празник „Свети Трифун” кога традиционално, на симболичен начин, стартува закројувањето на лозјата зашто, во тој случај, нема да стигнат навреме да ја извшат резидбата, рече Аризанов.
На лозовите плантажи во Македонија годинава беа собрани околу 180 милиони килограми винско грозје. Дел од нив се пласираа во странство, а дел во домашните преработувачки капацитети.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден