Лоши вести за Јувентус: Сезоната на Бремер заврши
Најлошите стравови на Јувентус од сериозна повреда на Бремер се остварија. Бразилскиот дефанзивец, кој рано го напушти теренот за време на синоќешниот меч со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, заработи тешка повреда и долго ќе отсуствува од терените, а најверојатно сезоната за него е завршена, соопштија „бјанконерите“.
- Глисон Бремер и Нико Гонзалес беа подложени на дијагностички тестови утринава кои открија повреда на предните вкрстени лигаменти на левото колено на првиот и слаба повреда во десната бутина на вториот. Бремер ќе биде опериран во наредните денови, стои во официјалното соопштение на Јувентус.
Бразилецот ќе отсуствува не помалку од шест месеци, а сезоната за него практично е завршена.
Неговата повреда е голем удар за тренерот Тиаго Мота, кој многу се потпираше на него, пишува „Газета дело спорт“. Бремер беше единствениот играч на Јуве во досегашниот тек од сезоната кој не пропуштил ниту една минута.
Нико Гонзалес ќе отсуствува од терените околу еден месец, додава изданието.
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош