Лоши сте по математика? Обвинете ја својата мајка

Ако сте меѓу тие кои од секогаш се мачеле со бројките, сега за тоа можете да ја обвините својата мајка.
Хормонот тироксин Т4 е најважен производ на штитната жлезда, а недостигот на тој хормон кај бремените може да биде причина детето да биде послабо по математика, покажа истражувањето спроведено во холандскиот Медицински центар.
Резултатите откриле дека децата на жени со ниско ниво на хормонот на штитната жлезда, во просек се за 60 отсто послаби во математиката, од деца чии мајки имале уредни нивоа на хормонот на штитната жлезда, се наведува во заклучоците на студијата објавена во списанието European Journal of Endocrinology.
Иако претходните истражувања веќе укажале на тоа дека пореметените нивоа на хормонот кај бремените може негативно да влијае на менталниот развој на детето, ова е прво истражување кое го открива влијанието кога се работи за совладување на училишниот материјал кај децата, пишува Дејли Меил.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
