Лос Анџелес прогласи вонредна состојба за помош на мигрантите по рациите на американската Служба за имиграција и царина

Округот Лос Анџелес прогласи локална вонредна состојба како одговор на рациите на американската Служба за имиграција и царина (ICE), со цел да обезбеди поголема заштита за мигрантите, соопшти во окружниот одбор.
Мерката, донесена со мнозинство гласови, треба да овозможи побрзо обезбедување на услуги како што се заштита на станарите и помош за семејствата погодени од акциите на имигрантската служба..
- Она што се случува во нашите заедници е вонредна состојба – и округот Лос Анџелес ја третира како таква, изјави членката на одборот Линдзи Хорват, која ја предложи мерката. Таа нагласи дека округот сега ќе може побрзо да реагира и да обезбеди итна помош за погодените семејства.
Лос Анџелес, со повеќе од 10 милиони жители, од кои над 3 милиони се имигранти, веќе со месеци се соочува со зголемени тензии поради строгиот пристап на администрацијата на претседателот Доналд Трамп кон мигрантите.
Во јуни, во областа избија протести против масовните депортации, при што Трамп распореди војска во јужна Калифорнија заради смирување на ситуацијата.
Масовното протерување на илегалните имигранти е едно од главните ветувања на Трамп во кампањата за реизбор.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
