Лорис смета дека Мбапе би можел да биде новиот капитен на Франција
Поранешниот француски капитен и голман Уго Лорис смета дека напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе заслужува да биде нов капитен на националниот тим. На 9 јануари 36-годишниот голман се повлече од француската репрезентација.
– Играч како Рафаел Варан може да ја добие капитенската лента. Но, има играч кој напредува и на теренот и надвор од него и е лидер во соблекувалната. А тоа е Килијан Мбапе. Тој може да одигра нова улога во тимот, а тоа му е потребно на нашиот тим. Но, каков и да е изборот на новиот капитен, ние целосно ќе го поддржиме, изјави Лорис за „ТФ1“.
На последното Светско првенство во Катар, 24-годишниот Мбапе одигра седум натпревари за француската репрезентација, постигна осум гола и стана најдобар стрелец на СП 2022 година. Вкупно за репрезентацијата настапи на 66 натпревари и постигна 36 голови.
Ново на Сител
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково
-
Приведен 25-годишник од Штип, бил баран со потерница поради бегство од затвор