Лондон: Русите имаат се поголеми проблеми со воените дронови
Британското воено разузнавање во најновиот извештај за војната во Украина наведува дека украинската армија во текот на викендот продолжила со противнапади во окупираниот регион Херсон,
На западниот брег на реката Дњепар вчера биле забележани руски воени дронови 27 пати, што е пад во однос на просечните 50 пати, колку дневно беа регистрирани во август. Украинските сили на 21 август соопштија дека собориле три руски дронови Орлан-10.
Поради загубите на беспилотни летала во борбите, Русија најверојатно ќе има проблеми со одржувањето на резервите на воени беспилотни летала, што дополнително е отежнато од недостатокот на компоненти поради меѓународните санкции.
Ограничената достапност на извидувачки дронови веројатно ја намалува тактичката предност на руските команданти и ги попречува руските воени операции, се посочува во извештајот. Руската воена доктрина изминатите години се повеќе се потпира на употребата на беспилотни летала, посебно за лоцирање на мети и наведување на артилериските напади.
Британските воени разузнавачи истакнуваат дека дроновите се ранливи на директен оган, но и на електронско попречување.
Ново на Сител
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти
-
За поголема безбедност во сообраќајот, Штип го имплементира проектот “Save city”
-
Тренд на интелектуална миграција
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд