Лондон размислува да го откаже учеството на „Хуавеј“ во изградбата на 5Г мрежата
Само по неколку месеци, британската Влада ќе почне да го разгледува откажувањето на учеството на кинеската компанија „Хуавеј“ во изградба на 5Г мрежата во Британија, пишува весникот „Сандеј телеграф“.
Според весникот, центарот за врски со Владата ја ревидирал проценката на ризик при користењето технологии на кинеската компанија.
Експерти од разузнавачките служби заклучиле дека забраната наметната од американските власти за пристапот на „Хуавеј“ во развој на САД, ќе ја принуди компанијата да користи непроверена технологија. Како резултат на тоа, ќе биде невозможно да се контролира ризикот од работата со нив во британските 5Г мрежи.
Следната недела се очекува извештај, кој ќе содржи детална анализа по ова прашање, да биде испратен до премиерот Борис Џонсон.
Извори на весникот тврдат дека извештајот е радикална промена во проценката на ризикот, односно соработката со кинескиот технолошки гигант, што ги обединува ставовите на Лондон и Вашингтон за ова прашање.
Од своја страна, портпарол на „Хуавеј“ истакна дека компанијата е „најтемелно проверен снабдувач во светот“, повикувајќи фокусот да се стави на фактите, а не на шпекулациите.
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција